Сома Фит Ритрит е првиот ритрит од овој тип во Македонија. За прв пат е организиран во периодот 04ти до 07ми Мај во местото Палјури, Грција, од страна на Софија Манчева и Предизфит. Самото име ритрит означува повлекување, па така и овој ритрит е всушност еден тип на бегање од брзото секојдневие за пет девојки и 4 инструкторки.
Темата на овој ритрит беше работа на себе и опуштање и тоа преку искусување на моментот и уживање во лесни активности за регенерација на телото и умот.