Kога си на почеток на својата фитнес приказна знае да биде на моменти возбудливо но на моменти и исцрпувачки!
Возбудливо – затоа што тек следува период кадешто ќе ги откриваш сите бенефити на новата продуктивна рутина што ќе ти носи многу позитивни психофизички резултати.
Исцрпувачки – затоа што…од каде да почнеш? Моментално ни се достапни премногу различни информации и многу е лесно да се изгубиме во тој свет дури и пред да почнеме да креираме некои подолготрајни навики.
Се разбира дека секоја приказна е различна и не значи дека секој би се нашол во иста ситуации и би ги направил истите грешки, но ние издвоиме 5 најчести грешки што најчесто се прават, посебно кај почетници.
1. Се Исцрпуваш премногу
Сите ја знаеме таа почетна мотивација е пристуна напочеток и што не тера да правиме дури и повеќе од тоа што е потребно. Тоа секогаш не ни прави најдобра услуга.
Подобро да имаме стратегија и да не ‘’скокаме’’ многу уште на самиот почеток. Одлично е да имаш амбициозни цели, но навистина не би било фер тие цели да избледуваат заради мали пречки што ќе ти се појават на патот.
На пример, ако немаш вежбано никогаш претходно, шансата дека ќе успееш да направиш 6 тренинга неделно без исклучок, е нависитна мала. Дури и да го имаш време и да ги елиминираш сите други дистракции, ќе бидеш премногу воспален/а за да можеш да тренираш секој ден и ќе му треба повеќе време на телото да се опоравува и да се навикне. И тоа е сосема нормално!
Наместо да се ставаш во таква позиција, ти даваме 3 кратки насоки што треба да ги направиш секој ден.
1. Разбуди се
2. Направи проценка за тоа како се чувстуваш денес и што е тоа што сакаш да го направиш во твојот ден
3. Дај го надоброто од себе и направи најдобро што можеш во одредена ситуација и во дадените околности но не се откажувај.
Малку по малку, станува многу и ти ветуваме дека таквите конзистентни навики ќе се зголемуваат се повеќе секој ден.
2. Немаш Конкретен План
Со неуспехот да планираш, планираш да не успееш!
Немањето јасна мапа на патот што не води до остварување на нашите цели е еден од најголемите ‘’убијци’’ на прогресот.Во ред е да се прилагодуваш на патот, но да немаш план е како да возиш некаде но без никаква мапа. Шансите да стигнеш таму кај што сакаш ефикасно се многу мали.
Наместо тоа, постави мали цели и како што ќе ги остваруваш само прави им check. Ова ќе ти помогне да бидеш во тек со своите цели цело време и да ги проверуваш па ако треба и да ги менуваш додека си во процес, а ќе имаш чувство на продуктивност, наместо на разочараност.
3. Паѓаш на решенија што нудат Брзи Резултати
Од брзи диети до чаеви за слабеење и појаси за слабеење, разни суплементи, интернетот е место кадешто без проблем ќе најдеш брзи решенија за тоа што сакаш да го постигнеш и тоа понекогаш навистина е примамливо.
Ние знаеме дека секој сака резултати брзо но запомни само едно: ако нешто е предобро за да биде вистина, веројатно е така. Ништо не може да се спореди со напорната работа, посветеноста и конзистентноста, што исто така се покажало дека е еден од најдобрите начини кога станува збор за одржлив начин на долготрајни резултати.
4. Се потпираш на Суплементите
Фитнес суплементите земаа голем замав во последните неколку години, и како почетник е лесно да почувстуваш мора да имаш солидна резерва на суплементи за да успееш во некоја замислена цел.
Кога си почентик многу е подобро да ставиш акцент на начинот на којшто се исхрануваш и што сакаш да промениш исто како и на тренинзите што ќе треба да ги правиш. Ако храната не е средена 90% апсурдно е да бараш дополнителен суплемент што ќе ти помогне. Исто така повеќето од состојките што ги има во сумплементите ги има и во храната.
5. Забораваш да Уживаш Во Процесот
Иако постигнувањето на твоите цели ќе бара посветеност и дисциплина, едноставно нема да можеш да продолжиш доколку не најдеш уживање во таа твоја рутина.
Уживањето во исхрана и вежбњето изгледаат различно за секого така што ќе мораш да го најдеш тоа што е најдобро за тебе.
Можеби тоа ќе биде час по играње наместо кардио или пак можеби пробување на нови рецепти со нови намирници. Биди креативен/креативна затоа што треба да стекнеш позитивни искуства и постојат многу начини како се повеќе да го сакаш цвоето тело и да се движиж така како штп ти е убаво.
Се надеваме дека овој текст барем малку ти помогна да ги разбереш најчестите почетнички грешки. И пак, запомни дека без разлика што и да те бутка назад, ако го замислиш нештотот може и да го оствариш.
И ако случајно бараш од каде да почнеш, ние сме тука да ти помогнеме и да те пратиме во секој чекор. Придружи се на ПредизФит заедницата или пак пиши ни емаил за заедно да избереме програма што ќе биде најдобра за тебе.