Skip to main content

SomaFit Sweat out ANXIETY

3 Students enrolled
0
0 reviews
  • Description
WhatsApp Image 2024-03-04 at 19.07.59.jpeg

Што е SomaFit Sweat Out Anxiety?

Време е да се ослободиш од непроспиените ноќи, стресните денови, напорните утра и целиот хаос што го предизвикува претераното размислување како последица на анксиозноста.
Може да биде многу истоштувачки да живееш со катастрофални мисли за секоја ситуација, иако во реалноста знаеш дека тие мисли не се воопшто логични и се нереални.
Ако си спремна да направиш чекор кон преземање на контролата врз себе и да го пронајдеш својот мир, тогаш си на вистинското место.

SomaFit Sweat Out Anxiety е курс за справување со анксиозноста.

Што вклучува SomaFit Sweat Out Anxiety?

  • Серија од психолошки видеа водени од стручни лица со конкретни насоки и техники кои ќе ти помогнат да ја разбереш анксиозноста и да ја поврзеш со твојата ситуација, за потоа полесно да можеш да се справиш со истата
  •  Психолшки вежби во вид на личен дневик на мисли и чувства преку кој ќе ја зголемиш контролата над нив
  • Рецепти и храна којашто е најдобра за твоето тело, а помага при состојба на анксиозност
  • Дневни мини цели и календар за поголема сигурност во себе
  • Mindfulness вежби, аудио медитации и техники
  • Емоционални кратки фитнес тренинзи за да го раздвижиш своето тело, направени според емоционалната состојба да се наоѓаш во даден момент (тага, среќа, анксиозност, гнев….)
  • Приватна, посебна група за поддршка и споделување на искуства

За кого е наменет овој курс?

За сите оние што сакаат да научат да ја менаџираат својата анскизоност за да можат да ги прават сите работи коишто ги сакаат.
Исто така за оние што имаат некој близок што се соочува со анскизоност па сакаат подобро да ја разберат состојбата на анскиозност и да им помогнат.
Без разлика дали веќе си била на психотерапија или размислуваш, овој курс нема да го попречи твојот процес.

Се работи за детална, сеопфатна програма која со сигурност ќе ти користи и при помал но и поголем интензитет на анксиозност.
Траењето на курсот е 7 недели, а она што ќе го примениш од него ќе ти користи целиот живот.

*Забелешка: Програмата не е замена за психолог,психотерапија или психијатар и секогаш советуваме да се обратите на стручно лице за вашиот проблем или состојба доколку не можете да се справите самите.

ЕДНОКРАТНО

2990

денари

Програмата ти е достапна веднаш по уплата!