Skip to main content

Секој што почнал со вежбање повеќе или помалку правел грешки. Колку и да сме учеле од тие грешки, некои знаат да ни го забават процесот. Исто така кога би бирале, сигурно би избрале да не ги правиме за да си го олесниме патот и да ја постигнеме целта што ја имаме замислено.

Нашиот тренер Софија ни дава неколку совети и фази што треба да ги прескокнеш во твојата фитнес приказна.

“Како некој што е веќе повеќе од 10 години во фитнес светот, посебно со вежбање, диети, исхрани и што ли уште не, мислам дека ги имам поминато сите почетнички грешки што дури некои од нив ме чинеле многу.

Сакам да ти помогнам да не ги правиш истите работи и да ти го олеснам патот за да стигнеш до своите цели.

Ова се моите најдобри совети што искрено би сакала да ги знам и порано.”

1

Не треба да се скратуваш од храната што ја сакаш

Воопшто не треба да размислуваш дека треба да се скратиш од храната што ја сакаш. Кога почнуваш да водиш здрав начин за живот тоа значи дека треба да балансираш и да вметнеш во своето секојдневие избор на храна што те прави порасположена, енергична, не ти смета на спиење, не чувстуваш замор, немаш подуеност и сл. Најчесто забранети ни се јаглехидратите, но ако доволно и редовно јадеме, имаме добра комбинација на храна според нашата цел, нема да ни биде потребно многу време за да воспоставиме баланс и ред и да ја победиме зависноста од благо и шеќери.
2

Не треба храната да ја делиш на “добра” и “ лоша” или “забранета”

Ако одиш со тој mindset секако дека тоа што е забрането најчесто најмногу го посакуваш. Па најдобро би било да направиш промена во начинот на размислување и да не си забрануваш ниту една храна, туку само да пробаш да ја вметнеш во твоето мени, а да биде во склад со тоа што се трудиш да го постигнеш. На пример, еднаш неделно да си се опуштиш со некој таков оброк којшто знаеш дека не ти е во прилог да го јадеш секој ден.
3

Немој никогаш да се споредуваш со другите, затоа што ова е само твоја приказна и твое патување

Споредбата со другите е наш најголем непријател.Никој не е ти и никој не го оди истиот пат како што го одиш ти. Социјалните мрежи знаат да не залажат, но сакам да знаеш дека секоја од нас си оди по својот пат и ја води својата борба, Ти си посебна, единствена и специјална.
4

Нема потреба да правиш премногу кардио за да ги постигнеш твоите цели

Еднаш засекогаш… Кардио тренингот е супер, се додека не е. Прави толку кардио колку што е навистина потребно.Не повеќе од тоа. Ако не сакаш да добиеш кашест изглед или преслаб изглед тогаш дефинитвно работи и со тежини. Менувањето на кардио справи и час и половина губење на кардио е нешто што не ти оди во прилог. Прво тежински тренинг, па кардио. Не обратно.
5

Тежинскиот тренинг е задолжителен, без разлика што е твојата цел

И кога сакаме да зголемиме мускулна маса или сакаме да намалиме телесни масти , тежинскиот тренинг е задолжителен. Посебно кога мислиме дека ако сакаме да намалиме телесни масти треба да правиме многу повеќе кардио, полесни тежини и повеќе повторувања е тотален мит. И додека намалуваме телесни масти сакаме да задржиме што повеќе мускул и да го обликуваме телото наместо да се залажуваме со саати и саати кардио.
6

Не треба да се чувстуваш виновно ако пропуштиш тренинг, оброк, испиеш некој коктел плус

Многу често сме се наоѓале во таква ситуација. Ќе одам на слава, роденден, пијачка, ќе ме фати настинка, ќе одам на патување и после имам чувство на вина дека сум го уништила цел процес. Ништо не е уништено, туку напротив ако телото било подолго во една таква рутина многу ќе биде полесно да се вратиш во форма и со тренинг и со исхрана. Само продолжи таму каде што си застнала и уживај во процесот. Реалноста е дека животот ќе се случува, но мора да го сакаме процесот за да прогресираме!

Ако не знаеш од каде да тргнеш, што да правиш и да го избереш најдоброто за себе, нашите програми, совети и насоки се секогаш тука. Придружи се во нашата ПредизФит заедница или пак пиши ни email и заедно ќе ја избереме најдобрата опција за оnline програма за тебе!