Skip to main content

Знаеме дека понекогаш утрата ни се предизвикувачки и одвај наоѓаме време за да завршиме се што е потребно пред да ни започне денот.

Но исто така знаеме колку е важно денот да го започнеме со доволно енергија и протеини за да имаме и подобра концентрација но и да го задоволиме дневниот внес на сите потребни макронутриенти.

SomaFit програмите и предизвици се секогаш тука за да ги поддржат твоите цели со над 150 лесни, економични и превкусни рецепти.

Уживај во 3 те наши омилени рецепти за доручек.

1.Протеински палачинки

Состојки:

  • 1 доза протеин
  • 30 мл растително млеко
  • 20 гр овес
  • 1 јајце
  • Пола банана
  • Малку прашок за пециво
  • 100 гр јагоди и боровинка
  • 1 мала лажичка мед
  • 1 мала лажичка кокосово масло

Начин на подготовка:

Во длабок сад ја пасираме банатата и го додаваме јајцето и млекото. Мешаме се додека не се соединат состојките. Во истиот сад ги додаваме сувите состојки- овес, протеин и прашок за пециво. Мешаме се заедно. На тава ставаме кокосово масло да се загрее, намалуваме на средна температура и од смесата ставаме во тавата во форма на мали кругови. Печеме од едната страна се додека не почнат да се појавуваат меурчиња, а после тоа ја вртиме и уште неколку минути печеме од другата страна. На крај одозгора ги додаваме јагодите,боровинката и медот.

Вкупно калории: 487
Протеини: 34 гр. | Масти: 15 гр. | Јаглехидрати: 54 гр.

2.Јајца со сирење и зеленчук

Состојки:

  • 2 цели јајца
  • 20 гр пилешки гради или пушено пилешко
  • 30 гр фета сирење
  • Пола Домат
  • Пола Краставица
  • Млад кромид
  • 1 мала лажичка маслиново масло
  • 1 парче тонус леб (види во табела колку ти треба)

Начин на подготовка:

Јајцата ги матиме заедно со пилешкото исечено на мали коцки и го правиме на тавче загреано како омлет или кајгана.

Си правиме како шопска салата од зеленчук + додаваме зачини.

Тонусот може да го ставиме на тостер да се испече.

Вкупно калории: 391
Протеини: 21 гр. | Масти: 23 гр. | Јаглехидрати: 25 гр.

3.Чоко – чиа преку ноќ

Начин на подготовка:

Состојки:

  • 25 гр чиа
  • банана
  • 2 лажички какао
  • Малку цимет (избор)
  • 150 гр растително млеко
  • 1 мала лажичка мед

Сите состојки ги мешаме убаво во длабок сад што се затвара и оставаме преку ноќ да седи во фрижидер или неколку саати.

По избор одозгора може да се додадат 20-30 гр малини и цимет.

Вкупно калории: 441
Протеини: 69 гр. | Масти: 13 гр. | Јаглехидрати: 12 гр.