Skip to main content

Што мислите кој е главниот движечки фактор во едно успешно фитнес патување?

Ако мислите дека мотивацијата е клучот, тогаш дефинитвно треба да продолжите да читате.

За жал, едноставно не сме програмирани да се чувствуваме мотивирани цело време, па зошто го создаваме тоа очекување за себе, а истовремено претпоставуваме дека достигнувањата на „успешните луѓе“ се резултат на нивното ниво на мотивација?

Нашиот тренер Софија Манчева ни објаснува дека мотивацијата ако ја разбереме како емоција или чувство тогаш ќе сфатиме дека таа понекогаш е присутна, понекогаш не. Исто како и тоа што понекогаш сме среќни, тажни, лути, радосни и слично.

Ајде да зборуваме за „МОТИВАЦИЈА“

Искрено многу често ме  прашуваат многу од вас како да останам мотивирана  дури и неколку пати на ден одговарам на такви пораки. Јас се прашувам дали некој од нас ја знае личноста што прва кажала дека мотивацијата е клучот на целиот наш успех и напредок? Мислам дека треба да се собереме и да ја најдеме и еднаш засекогаш да ставиме крај на ова прашање. 🤣

Ајде да повториме…..„луѓето не се успешни само затоа што се мотивирани“.

Мотивацијата е чувство. Доаѓа и си оди како кога се чувствуваш среќен и тажен. Вистината е дека не сме програмирани да бидеме мотивирани постојано.

  • Луѓето се успешни затоа што се доследни на својата рутина.
  • Луѓето се успешни затоа што имплементираат мали дневни навики и гледаат како тие им помагаат со тек на  времето.
  • Луѓето се успешни затоа што поставуваат реални цели и краткорочни и долгорочни и всушност прават добра стратегија како да ги постигнат.
  • Луѓето се успешни затоа што се ставаат во средина каде што е полесно да се успее.
  • Луѓето се успешни затоа што ја препознаваат важноста во процесот, а не само крајниот исход.

Вистински успешните луѓе не дејствуваат на импулс или емоции. Тие се потпираат на доследна акција, свесност и одговорност за да ги постигнат своите цели и да направат работите да се случат.

На почетокот ни треба малку мотивација за да ја турнеме топката и да преземеме акција, и обично сè оди добро и без пречки на почетокот. Меѓутоа, проблемот се појавува кога ќе наидеме на првата угорница и застој, а мотивациската топка ќе престане да се тркала. Ова е местото каде што дисциплината треба да дојде во прв план и тука уствари ние гледаме колку ќе останеме доследни на себе и дисциплинирани, без разлика како се чувстуваме за нашата мотивација.

Ајде да зборуваме за „ДИСЦИПЛИНА“

Дисциплината е таа што ја користиме за да ги завршиме работите во коишто не уживаме секогаш, додека мотивацијата е повеќе помошник во тие ситуации.

И двете имаат свои значајни улоги во вашето здравје и фитнес патување, но од витално значење е да не се потпирате само на едното или другото.

Сакаме да ви помогнеме малку да ја разбиете дисциплината и да споделиме совети кои ќе ви помогнат да останете доследни, фокусирани и дисциплинирани во вашето фитнес патување па и надвор од него.

Повеќето од причините поради кои не завршуваме нешто, немаат никаква врска со нашата физичка способност, нашата ментална способност или времето што го имаме на располагање. Тоа често се должи на недостаток на дисциплина и недостаток на конзистентност.

Она што ги раздвојува оние што го добиваат она што го сакаат и оние што не го добиваат не е ништо возбудливо, всушност е спротивното. Тоа е способноста да се остане дисциплиниран кога веќе не е забавно, и способноста да се остане доследен секој ден кога ги извршувате „обичните“ задачи. Тоа е она што ги раздвојува оние кои постигнуваат од оние кои само сонуваат за тоа”.

Сè е во тоа  да направите измени во вашите секојдневни навики и да имплементирате промени малку по малку што ќе се надополнуваат со текот на времето.

Треба да дадете приоритет на најважните аспекти од еден ваш ден и да бидете конзистентни во тоа,  за да можете да ги ослободите другите делови од денот за работите во кои уживате и да одржувате баланс. Наместо да го започнете денот со скролање по инстаграм, станете и движете се 30 минути,направете доручек или читајте книга, пред да се убедите да не го правите тоа. Колку сте поконзистентни на секојдневието, толку е полесно. Штом ќе стане дел од вашиот вообичаен начин на постоење, ќе се чувствувате чудно да не го правите тоа.

Не мора да го сакате секој аспект од таа активност, но мора да се чувствувате како дел од вашиот ритуал, а сепак да ве прави да се чувствувате добро откако ќе го направите.

Внимавајте дека патувањето нема секогаш да биде забавно или возбудливо, па дури и може да потрае малку подолго отколку што се надевавте. Но, не преценувајте што можете да постигнете за две недели, гледајте ја секогаш големата слика и размислете што можете да постигнете за една година ако останете доследни. Времето сепак ќе помине, така што нема смисла да се откажете од нешто бидејќи резултатите траат подолго отколку што сакате или сте замислиле.

Да го направите тоа е само потценување на себе си и вашите способности.

Денес, можете да започнете со тоа што ќе си одредите кои се тие работи што ги правите или би сакале да ги правите за кои нема да имате изговор или ќе ‘’преговарате’’ со себе кога ќе дојде часот за одредена активност. Ова ќе бидат активностите што се ваш приоритет моментално, се најважни за вас но секако и се во склад со целите што ги имате поставено. Откако ќе се разјаснат овие работи, почнувате да ги правите се додека не станат дел од вашиот животен стил без разлика на се.

Запомнете, нема да се будите мотивирани секој ден, па затоа мора да научите да бидете дисциплинирани. Никој друг нема да го направи тоа наместо вас. Ако сте подготвени да ја зголемите вашата самодоверба и да се фокусирате на вашите цели, нашите програми нудат совршена можност да ги усогласите вашите приоритети и да се ставите себеси на прво место.

Пријавете се денес за да започнете со некоја од нашите програми ПредизФит платформата и придружете им се на илјадници други во нашата заедница кои се истомисленици на вашето патување кон градење на дисциплиниран начин на размислување.