Skip to main content

Сте биле некогаш излезени со некој на вечера кој сака да намали килограмите , и кога ја порачуваат салатата ги замолуваат да не им ставаат маслиново масло, со цел тоа да биде поздрав избор ? Ова е вообичаена грешка кога станува збор за конзумирање на масти. Мастите се неопходни за некои одредени структури во телото, како што се клеточните мембрани за да функционираат нормално.

РЕЧЕНИЦАТА “НА ВАШЕТО ТЕЛО МУ СЕ ПОТРЕБНИ МАСТИ ЗА ДА ТОПИ МАСТИ” НЕ Е УРБАНА ЛЕГЕНДА

Всушност, експертите препорачуваат 20% од целокупниот дневен калориски внес да биде од незаситени масти.

Омега 3,6 и 9 се трите типа на незаситени масти кои играат критична улога во многу функции во телото. Овие масти, подобро познати како Essential Fatty Acids (EFA), се поздрави од заситените масти и помагаат при метаболизирањето на мастите во вашето тело. Зашто се наречени есенцијални ? Поради тоа што се неопходни за метаболизмот да функционира нормално, и нашето тело не може да ги произведува  (омега 3 и 6) и затоа зависи од нас да ги внесуваме преку нашата исхрана.

Од каде треба да ги црпиме овие масти и колку треба да внесуваме ?

ОМЕГА 3

Постојат 3 основни типови на омега 3 кои можеме да ги внесеме преку конзумирање на одредени видови на храна:

  • Alpha-linolenic acid или ALA може да се најде во богатите извори на семки и масла од семки, посебно во лененото масло. Други извори се семките од тиква, семки од сусам, масло од соја, масло од каноја, ореви и масло од ореви.
  • Eicosapentaeoic acid или EPA, може да се најде во некои видови риба како што се харингата, лососот, скушата, и сардините (рибите всушност не произведуваат EPA, туку тие ги конзумираат преку алгите што ги јадат).
  • Docosahexaenoic acid или DHA најчесто се наоѓа кај рибите кои живеат во ладни води како што се сардината, туната или лососот.DHA e неопходна при развивањето на мозокот и видот.

Конзумирањето на омега 3 мастите нуди заштита од воспаленија и коагулација на крвта, a тоа пак е заштита против артритис, кардиоваскуларни заболувања, депресија и инфекции на кожата. EFA ги нормализира нивоата на липиди, намалува крвен притисок и го подобрува метаболизирањето на глукозата.

Не сте обожавател на риба ? Тоа не е проблем, ALLMAX NUTRITION нуди богат извор на омега 3 масни киселини спакувани во лесни за голтање капсули. Секоја капсула содржи 180:120 сооднос на EPA – DHA. Исто така, истражувањата докажуваат дека само со внесување на 3 грама на омега 3 во вашата исхрана може да ви помогне да постигнете идеална телесна тежина. Забелешка – не е препорачано да се зема повеќе од 3 грама омега 3 во еден ден.

ОМЕГА 6

Најчесто  изворот на омега 6 масната киселина се наоѓа во многу видови на храна вклучувајќи лисјести зеленчуци, семки, јаткасти плодови, зрна и растителни масла.

Најконцентриран извор на омега 6 може да биде најден во сончогледовото масло, кое е познато по тоа што има бројни здравствени бенефити, вклучувајќи и способноста на телото да ги активира масните клетки во телото да трошат повеќе калории. Исто така е докажано дека го намалува холестеролот и го регулира шеќерот во крвта.

CLA (conjugated linolenic acid) е масна киселина која природно се наоѓа во повеќето меса, сирења и млечни производи. Задолжена е да го спречи трансферот на масните клетки во крвотокот за да не се складираат како масти наслаги. Исто така помага при стимулација на разградување и топење на складираните масти.

Покрај овие својства на топење на масти, омега 6 исто така ја прави кожата поздрава, исто така и косата и ноктите.

ОМЕГА 9

Омега 9 е мононезаситена маст, иако е групирана со омега 3 и 6, и технички не е есенцијална масна киселина поради фактот што телото сепак може да произведува мали количини. Најчестата форма на омега 9, oleic acid се наоѓа во канола, сончогледово масло и највеќе во маслиновото масло. Познатите бенефити од омега 9 се тоа што ја намалува инсулинската резистенција, намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, намалува ризик од срцев удар и го зголемува производството на HDL (“добриот холестерол”) и го намалува LDL (“лошиот холестерол”).

Внесувајте Балансирано

Важно е да се знае дека омега 3 и 6 се во интеракција една со друга, па затоа баланс помеѓу нив е круцијална за добро целокупно здравје, со оптимален сооднос 4 спрема 1 (омега 6 спрема омега 3 ) или помалце.

Запомнете, за да останете концентрирани и да имате ментален фокус и острина, многу е важно EFAs да ги внесувате секој ден. Како бонус, здравите EFA нивоа всушност може да помогнат при создавање на ситост во вашиот ум, помагајќи да немате кризи за храна и да не осеќате глад подолго време.