Имаш цел да направиш целосна рекомпозиција на телото но вагата никако не сака да соработува со тебе? И покрај популарните верувања за ‘’намалување килажа’’ и ‘’намалување на телесни масти’’ не се секогаш најдобрите синоними што сакаш да ги слушнеш, така да не се обесхрабрувај!
Дури и да мислиш дека е невозможна мисија да ги намалиш тие проблематични килограми или пак се мачиш да накачиш некој килограм плус за да изградиш мускулна маса, вагата не е секогаш добар показател за тоа. Не треба да те обесхрабрува заради тоашто тежината на таа вага зависи од многу различни фактори и е под влијание на многу различни околности. Затоа често не е знак за тоа колкав прогрес сме направиле.
Зошто не треба да се ослонуваме на Бројките на Вага?
Вагата може да помогне, но само ако искрено и критички знаеш како да го интерпретираш бројот што ќе го видиш пред себе кога ќе застанеш на неа.
Прво, твојата тежина може да варира повеќекратно во тек на еден ден. Тоа што го гледаш е само мал ден од тоа како целокупно функционира твојот организам и може да биде многу различно за еден и два часа во зависност од тоа колку и што јадеш, колку течности внесуваш и колку е редовна твојата столица. И затоа се препорачува да се мериш наутро на празен стомак и отприлика во исто време секој ден затоа што така ќе има најверодостојни информации за твојата тежина. Но дури ни тогаш не можеш целосно да се потпираш на бројката на вагата затоа што има многу променливи фактори во тек на еден ден како што е твојата хидратација, дневниот внес на храна, хормоналната флуктуација и слично.
На пример, твојата тежина многу зациси од тоа колку вода внесуваш, колку задржуваш и колку исфрлаш. Ако твојата потрошувачка на натриум била висока во тој ден тоа може да резултира со задржување на водата во твоето тело. Слични такви моментални ефекти може да се појават кога се прилагодуваш на некој нов план за исхрана односно го зголемуваш внесот на јаглехидрати и тоа понекогаш доведува до природно задржување на течности, но е нешто за коешто не треба да се грижиш воопшто.
Хормоналните флукутации исто така играат улога во овој процес. На пример, пред да започне твојот месечен циклус, може да забежиш поголема бројка на вагата заради тоа што се менуваат нивоата на хормоните и надуеноста пред менструација.
Исто така, некои од лековите може да предизвикаат варирање на тежината (преку задржување на повеќе вода во телото), вклучувајќи, но се ограничувајќи се на лекови кои содржат естроген ( на пример, одредени видови контрацептиви или лекови земени како дел од терапијата за замена на хормони), нестероидни антиинфламаторни лекови и бета-блокатори. Ако штотуку си почнал/а да земаш нови лекови, прочитај ја листата на несакани ефекти за да видиш дали ова потенцијално може да ја реши мистеријата за зголемување на телесната тежина – и знај дека повеќето од таквите ефекти се привремени!
А што е со варирањето во тежината што не е поврзано со задржувањето на вода во организмот?
Огромното количество на храна што ја јадеме во тек на еден ден (и промената на дневниот внес на влакна, неконзистентно и неконтролирано) може да има забележителни, но привремени ефекти врз нашата тежина, особено ако во тој период чувстуваме запек.
Како што гледаме, многу е нормално телесната тежина значително да варира, но сигурно се прашувате колку е тоа и што да очекуваме? Според повеќе истражувања се покажало дека повеќето возрасни луѓе лесно варираат со тежината од 1-3 кг на дневно ниво и затоа е важно веќе ако го следиме тоа да го земеме предвид долгорочно и да ги пратиме сите фактори, а не да се базираме само на неколку мерења.
Значи, ако вагата и тежината не се најверодостојниот фактор за да го измериме напредокот, тогаш на што треба да се фокусираме? Подолу се дадени неколку показатели дека си на правиот пат и правиш неверојатен прогрес без разлика каква и бројка да покажува вагата.
Твоите мерки не телото се намалуваат кога твојата цел е Намалување На Телесни Масти
Тоа значи дека и облеката почнува малку по малку да станува голема.Посебно ако си на почеток на твоето фитнес патување, веројатно е дека брзо ќе забележиш такви промени. Можеби си слушнал/а за реченицата ‘’мускулот тежи повеќе од салото’’ – но нема да се согласиме целосно. Зошто? Затоа што кога луѓето тоа го кажуваат мислат на тоа дека мускулното ткиво е многу погусто од телесните масти, што значи дека помал волумен на мускулно ткиво,може да тежи помалку или повеќе, како поголем волумен на маснотии.
Со започнување конзистентна програма за вежбање и исхрана, некој сосема нов во вежбањето може да доживее раст на слаб мускул во исто време со губење маснотии, иако тоа е релативно ретко и многу потешко.
Како резултат на тоа, можете да изгледате помали, но да имате иста тежина (поради густината на мускулното ткиво) – и тоа е сосема нормално! Во овој случај, може да забележите дека вашите мерки се намалуваат, и/или некои од вашите алишта исто така се полабави/подобро, a вагата не покажува драстични промени.
За оние коишто не се нови во вежбањето и ваквиот начин на исхрана, поверојатно е дека ќе намалуваат телесни масти додека се во калориски дефицит, што исто така ќе покаже резултати во мерките (затоа е многу важно да се мериме секоја недела), што оние варијации на дневно ниво може да го ‘’замаскираат’’ прогресот што го имате направено.
Се подобруваат Твоите Тренинзи
Сите мора да започнеме од некаде – и ако си почетник нормално е да се чувстуваш малку некоординирано и изгубено во тек на тренинзите дури и да го имаш најдобриот план што треба да го следиш.
Но како што поминува времето ќе почнеш да се чувстуваш посигурен/на во себе и ќе сакаш и да пробуваш нови работи. Твојата форма ќе се подобри како и моторните движења. И ќе бидеш посилен/на и да работиш со поголеми тежини и да се предизвикуваш се повеќе и на кардио тренинзите.
Градењето на сила и издржливост има огромни бенефити по нашето здравје затоа немојте да го игнорирате тој дел од целиот процес и секогаш, ама секогаш ‘’славете’’ ги своите мали достигнувања!
Твојата Енергија се зголемува
Вежбањето и јадењето на здрава храна што му е потребна на нашиот организам прават огромна разлика кога станува збор за нашето расположение и нивото на енергија. Физичката активност има многу бенефити како што се зголемување на проток на крв во сите делови на нашето тело. Самото тоа го подобрува кардиоваскуларното здравје и дозволува да цирклулира повеќе кислород до секоја наша клетка, што резултира со зголемено ниво на енергија. И се разбира, добрата храна само ги надполнува и ги подобрува овие ефекти!
Затоа не треба да се изненадиш ако наеднаш почнеш да стануваш 15 минути пред твојот аларм наместо да го оставаш на snooze уште 5 пати додека вистински да станеш.
Градиш нови и добри Навики
Можеби здравјето и фитнесот не ти биле приоритет веќе со години. Можеби си пробувал/а со разни ригорозни диети во минатото и тоа никогаш не функционирало добро или пак било само моментално и после тоа имало јо-јо ефект.
Без разлика од каде и да тргнуваш, ако си успеал/а да се приджуваш до одреден нов животен стил повеќе месеци, да бидеш конзистентен/на и да изградиш нови здрави навики за себе на долг рок, тоа значи дека си постигнал/а навистина многу!
Најважно е да бидеме искрени пред себе и флексибилни, а притоа да успееме да поставиме реални цели и да одиме кон нив. Да го најдеме балансот на почеток може да ни биде потешко и предизвикувачки и затоа е многу важно да бидеме трпеливи кон себе и кон својот процес. Секоја нова мала цел и остварување на истата е вредна за да си кажеме некој добар збор на себе и само е прашање на време кога ќе стигенме до местото за коешто сме тргнале на прво место, а можеби и подобро.
ЗАКЛУЧОК
Запомни, тоа што го гледаш на вагата не треба никогаш да дозволиш да одреди како се чувстуваш за себе и колкав прогрес си постигнал/а.
Ве охрабруваме сите, без разлика која и да е појдовната точка, да му верувате на процесот и секогаш кога треба да успеете да најдете нешто позитивно во цел процес за да не се откажете и да не и се препуштите на таа вага целосно. Славете ги вашите мали победи, останете конзистентни и ве уверуваме дека нема како, а да не бидете горди на себе и на постигнатите резулати.
Ние и нашите програми од ПредизФит ви стоиме на располагање во секое време.