Skip to main content

Знаеш веќе дека новите SomaFit рецепти нема да ти одземат повеќе од 15 минути за да ги припремиш. Јасно ни е дека една од најголемите бариери за да бидеме константи со исхраната и припремата на оброците е нашата трка со времето. Предизвик е да најдеш вкусни, лесни рецепти што не вклучуваат премногу намирници и време, а сепак се нутритивно богати.

Целото мени на нашата најнова програма е составено баш од такви рецепти (50+), а тука ќе ти дадеме 3 од нив. Овие оброци се направени да го скратат твоето време во кујна и намирниците од твојата неделна шопинг листа.

Имај на ум дека нутритивните вредности се пресметани за една порција. Доколку готвиш за повеќе од една особа, треба да ги дуплираш.

Доручек

Овесна каша со јаболко и цимет – есенска

Состојки:

  • пола јаболко (црвено)
  • 50 гр овес
  • пола банана
  • вода или растително млеко околу 150 мл.
    (ако треба додади и малку повеќе)
  • цимет
  • протеин, грчки јогурт или соја протеински јогурт
  • 1 мала лажичка мед
  • 1 мала лажичка кокосово масло
  • 150 гр грчки јогурт (опционо)

Начин на подготовка:

Бананата и јаболкото се сечат на мали коцкички. Кокосовото масло се додава во мало тенџере на средна температура и се додава јаболкото. Се посолува со цимет по вкус и се меша за малку да се запече и да омекне. Се додава и овесот, водата (млекото) и се меша за да почне да се згуснува. Додека се меша се додава и бананата. Се меша уште малку додека не дојде смесата како каша. Се прегрла во длабок сад и одозгора се додава грчкиот јогурт. Убаво нанеси го на цела смеса и одозгора стави го медот.

Вкупно калории: 484
Протеини: 28 гр. | Масти: 14 гр. | Јагленохидрати: 59 гр.

Ручек

Beef wraps

Состојки:

  • 1 тортиљи (интегрална или хељда)
  • 120 гр јунешко мелено месо
  • 20 гр моцарела
  • 1 голема лажица грчки јогурт
  • Половина домат
  • Марула

Начин на подготовка:

Месото се зачинува со зачини (сол, црн бибер) и се пржи на 1 мала лажичка маслиново масло во пертходно пропржен кромид и морков (по желба). Кога ќе биде готово ториљата се премачкува со грчки јогурт на средина се додава марулата, доматот и месото и одозгора врз месото моцарелата. Се затвара ториљата од сите страни и се пропекува или на тавче на тивок оган од двете страни и во рерна загреана на 180 степени.

Вкупно калории: 343 кал
Протеини: 31.8 гр. | Масти: 8.2 гр. | Јагленохидрати: 30.8 гр.

Вечера

Туна салата со калинка

Состојки:

  • 1 голема туна
  • 120 гр калинка или 1/2 калинка
  • пола сок од лимон
  • 2 големи лажици пченка
  • марула или микс зелена салата
  • 1 мала лажица балсамико
  • кромид (по желба)

Начин на подготовка:

Се мешаат сите состојки заедно и така се сервира.

Вкупно калории: 269kcal
Протеини: 26гр. | Масти: 12гр. | Јагленохидрати: 22гр.