Избегајте од стресот на секојдневието и победете ја анксиозноста од модерното живеење
Екслузивно ритрит доживување – Soma FIt Retreat, Mountain edition!
Опкружени со густа шума, 3 дена уживање и лична трансформација
Сместени во луксузни вили, со обезбедени сите дневни оброци и ужинки, ваше ќе биде само да се препуштите на однапред детално испланираната програма.
Програмата е дизајнирана за баланс помеѓу телото и умот.
Експерти во полињата на mindfulness, физичка активност и ментално здравје ќе ви бидат на располагање 24/7
Дел од активностите
- Јога
- Планинарење
- Mindfulness сесии
- Пилатес
- Едукација за храна
- Фитнес тренинзи
- Слободни активности и дружење
- Арт терапија
- Работилници за готвење
Верувајте, ова е најдоброто нешто кое ќе го направите за себе оваа година.
Како да се пријавите?
Пишете ни на [email protected] или јавете се на 078 290 630 или 075 807 000
За да дознаете како си поминавме на последниот ритрит, клик тука
Пријави се тука
-
Купи!
SomaFit Winter Retreat
Original price was: 27.000,00 ден.18.000,00 денCurrent price is: 18.000,00 ден.
(вклучен превоз, сместување, подароци од спонзори, храна и учество во сите работилници и активности)
Сакате да дознаете први за следниот Soma Fit Retreat? Оставете го вашиот мејл тука:
ЧПП
Дали морам да одам на сите активности?
Секако дека не, но програмата е направена така што со сигурност ќе ти биде интересно буквално се’.
Дали само жени може да се пријавуаат на овој ритрит?
Да, на овој конретен ритрит да, бидејќи програмата е приспособена за работа на менталното и физичкото здравје и добросостојба на девојки и жени. Работиме на тоа да организираме и поголеми ритрити во иднина.
Дали мора да вежбам нешто за да дојдам?
Не, физичката подготвеност не е услов. Дури и подобро за вас бидејќи ќе можете да искусите нови активности и да го промените вашето сфаќање на физичката активност.
Дали нешто се доплаќа на основната цена?
НЕ! Имаш обезбедено се, твое е да си понесеш топла облека и ништо друго. Се работи за луксузно доживување, а овојпат цената е промотивна и толку достапна, бидејќи е првиот отворен ритрит.
Како се плаќа?
Плаќањето е на трансакциска сметка или преку нашата веб страница.
Дали може да резервирам место, а подоцна да платам?
Не, плаќањето е веднаш, бидејќи имаме ограничен број на места, принципот е прв дојден-прв услужен.
Што ако имам посебен начин на исхрана?
Во тој случај ќе ни кажеш при резервација и ние ќе се погрижиме да ти биде подмирено се.
Зошто е толку ограничен бројот на учесници?
Бидејќи сакаме секој да има свое уникатно и персонализирано искуство и да му се обрати внимание на секој посебно. Овој ритрит е многу повеќе од само одмор, само дружење, или само вежбање. Се посветуваме секој на себе и си даваме неколку дена за да дојдеме во допир со автентичното ЈАС. И не, тука не станува збор за некои медитативни техники или некоја апстрактна и тешка работа на себе, само комбинација на совршена околина, совршени услови и адекватна забавна и трансформирачка програма.