Веројатно често слушаш дека споредувањето е крадец на нашата среќа, но понекогаш е навистина тешко да го избегнеме тоа заради тоа што споредувањето е дел од човековата природа.
Социјалните мрежи ни даваат грешна слика за реалноста на луѓето и станува премногу лесно да почнеме да ги споредуваме нашиот успех, физичкиот изглед и тоа што сме го постигнале наспроти другите.
Најчесто е штетна за нашето чувство за самопочит и самоприфаќање кога притисокот да се мериме со другите се манифестира во незадоволство, завист и ниска самодоверба.
Продолжи да читаш и види ги нашите најдобри совети за тоа како да престанеш опсесивно да се споредуваш со другите и да ги трансформираш тие чувства во мотивациски двигател што ќе ти помогне да ги оствариш твоите цели.
Замисли дека си дел од некој предизвик и ги гледаш другите како завршуваат се во рок, имаат побрзи резултати од тебе и се активни секој ден, само помисли дека тие не сакаат да го истакнат тоа што ти не можеш или не си го постигнал/а. Они можат само да ти бидат пример дека постои начин и дека може да се постигне нештото.
Мораш да знаеш дека секој има различна почетна точка, се наоѓа на различно ниво и има комплетно различен пат од твојот, така што не можеш да ги споредуваш своите резултати или со патот што те води кон тие резултати со нечии други.
Стратегијата што била успешна за некој друг не мора да значи дека ќе биде и за тебе. Ако се одлучиш да пратиш некаква програма или тренизни, а не уживаш во тоа, но ја следиш само затоа што ја прави некој што ти е идол во физичкиот изглед, тогаш главната причина е погрешна и многу е веројатно дека брзо ќе се откажеш и нема да стигнеш таму кај што имаш замислено.
Затоа наместо тоа фокусирај ја твојата енергија во нешто во коешто навистина ќе уживаш, нема да те вознемирува и ќе имаш чисти мисли, убаво ќе се чувстуваш во своето тело и духот ќе ти биде мирен.
Постави Јасни Цели
Ако немаш поставено јасни и специфични цели за себе и за периодот што следи,а сакаш да направиш нешто, многу е полесно да изгубиш мотивација и да заборавиш зошто си почнал/а, исто така да паднеш во замката на споредување со другите.
Кога еднаш ќе идентификуваш што сакаш вистински да постигнеш, кога физички ќе седнеш и на лист хартија ќе ги напишеш целите и кога секоја една цел ќе ја имаш пред себе, ќе ти биде стално потсетник што е тоа што те води и дека можеш да им ставиш црта тогаш кога ќе ги постигнеш.
Прати Ги Своите Достигнувања
Пренасочи ја енергијата што ја трошиш во скролање по инстаграм и наместо тоа почни да проверуваш почесто до кај си стигнал/а со својот прогрес и своите секојдневни навики.
Ако успееш да водиш евиденција до кај си во својата секојдневна рутина и да ги забележуваш мали промени и победи тоа ќе ти помогне секогаш да ја имаш твојата визија чиста и пред себе, ќе ја држи твојата посветеност силна и споредувањето ќе биде на минимум или воопшто непостоечко заради тоа што ќе бидеш премногу зафатен/а со себе.
Наместо денес да видиш некоја слика или пост и тоа да го споредиш со себе, пробај на денешниот тренинг да си поставиш нов персонален рекорд со тежинскиот тренинг или со кардиото.
“Преврами” ја Љубомората
Љубомората секогаш наоѓа начин како да направи да се чувстуваш безвредно и огорчено затоа што секогаш има некој друг на пиадесталот и ти полека се оддалечуваш од себе си почнуваш да го ставаш во фокус тоа што мислиш дека не е добро кај тебе.
Ако некогаш се најдеш во ситуација да се чувстуваш љубоморно на некој друг или за тоа што тие можат да го направат или постигнат ќе ти дадам еден мал предизвик, а тоа е да најдеш начин како да им дадеш комплимент за тоа што го постигнале, да најдеш начин како да искомуницираш со нив и да дознаеш малку повеќе. Колку повеќе се поврзуваш во тие моменти, толку подобро ќе се чувстуваш.
Многу е тешко да се чувствуваш негативно и ти ветувам дека ако успееш во тие моменти да им дадеш комплимент и на нив ќе им го направиш денот можеби, а и ти ќе се чувстуваш подобро заради тоа што ќе видиш дека се работи само за уште еден човек од другата страна. Тоа можеби ќе ти помогне да сфатиш дека се што сакаш да направиш и постигнеш е возможно.
Ослободи се од твојата емоционална приврзаност
Најважниот совет за да го надминеш чувството за споредба со другите и ниска самодоверба е да ја тргнеш емоционалната приврзаност за исходите што не се во твоја контрола.
Кога ќе станеме премногу приврзани за да постигнеме одредена цел или пак да бидеме подобри од некој друг, тоа станува дел од нас. Станува дел од нашиот идентитет и ако не го освестиме на време на крајот остануваме да се чувстуваме ужасно заради тоа што имаме чувстуво дека сме изгубиле нешто наше или пак нешто што требало да биде наше.
Треба да се приврзуваш само за тоа што е во твоја контрола.Секогаш кога има вклучено други луѓе мораш да знаеш дека исходот не зависи само од тебе и дека не е во твоја контрола.
Биди Свој Нај Голем Фан
Кога го ставаш фокусот на твоите внатрешни цели, ќе бидеш мотивиран/а само да се подобруваш без разлика на тоа што прават другите луѓе.
Споделувајќи ги своите мали победи остануваш во добра средина и голема е веројатноста да ја имаш поддршката од твоите најблиски.Никогаш не знаеш дали тоа што си го постинал/а е инспирација и мотивација за некого па нареден пат кога ќе постигнеш нешто немојнда се мислиш дали треба да го споделиш и да си честиташ за тоа.
Нашата група на ПредизФит на Facebook е одлична сигурна среина во којшто можеш да ги споделуваш своите мали победи, да поставуваш прашања за се што те интересира и да поддржиш некој друг. Ако сеуште не си наш член, можеш да се приклучиш тука.
Ако успееш да препознаеш кога се појавуваат чувствата на споредба со другите или пак доза на љубомора, тогаш ќе ти биде многу полесно да ги преврамиш тие емоции од негативни во позитивни и со тек на време да го вежбаш тоа за да дојде момент да тие негативни емоции веќе не се проблем за тебе.
Почни да го движиш твојот ум уште денес.