Skip to main content

Како да се пријавам за да не пропуштам почеток на програма?

Се што треба да направиш е да го оставиш твојот e-mail на почетната страна и ќе бидеш информирана веднаш штом има новости околу достапноста на програмите!

Како да направам профил и да купам програма?

Процесот е многу едноставен! Ја одбираш програмата на која сакаш да се приклучиш, ја додаваш во кошничка и од таму продолжуваш со внесување на твоите лични податоци. Во еден од чекорите, го креираш и твој профил со кој што секој пат кога ќе сакаш да имаш пристап до материјалите, ќе треба да се логираш на predizfit.com во кориснички профил.

Од каде ми се достапни програмите (лаптоп, онлајн, пдф)?

Достапност до програмите има од секој уред! Тоа значи – телефон, лаптоп, компјутер, таблет, кога сакаш и од каде сакаш.

За која возраст и ниво на вежбач се наменети програмите?

Немаме ограничување за возраст во нашите програми! Тренинзите не се едноставни и лесни, но токму од таа причина имаме вклучено целосно видео објаснување на секоја вежба од нашите тренери! Нашата платформа содржи база со над 100 професионално и детално објаснети видеа. Целосни тренизни за дома и детално објаснети и водени вежби за во теретана.

Колку трае една програма?

Нашите програми се со времетраење од 8-12 недели!

Дали исхраната во програмите ми е доволна за сите недели додека трае програмата?

Секако! Исхраната е прилагодена според твоите нутритивни потреби и цели. Тоа значи дека нема потреба да бараш додатни рецепти рецепти затоа што во програмата се вклучени над 100 вкусни и едноставни за приготвување рецепти – за појадок, ручек, вечера, ужина и превкусни десерти!

Како фукционираат консултациите?

Консултациите се еден од начините да стапиш во контакт со нас. Се што треба да направиш е да го пополниш формуларот, односно да го оставиш твојот е-маил за контакт, да го поставиш прашатањето или информацијата која т и е потребна и ние за најкраток можен рок ќе те контактираме назад!