Skip to main content
Психолог, Психотерапевт и Фитнес (online) Тренер

Софија Манчева

Низ текот на моето долгогодишно искуство со персонални и online тренинзи, работа со луѓе, посебно со девојки, жени, мајки, постојатно ми се докажува дека физичкото без менталното здравје не може да биде целосно. Без разлика што и да е твојата цел моментално, одбери една од моите SomaFit програми и започни ја својата промена.

Здраво Здраво!

Пред се ти благодарам што си тука и што го читаш ова.

Јас сум Софија, психолог, психотерапевт и фитнес (online) тренер.

Низ текот на моето долгогодишно искуство со персонални и online тренинзи, работа со луѓе, посебно со девојки, жени, мајки, едното нешто што постојатно ми се докажува е дека физичкото без менталното здравје не може да биде целосно.

Затоа и решив да дадам чекор напред од сите за да ги создадеме и најкомплетните online програми што освен тоа што содржат план за исхрана и вежбање има и дел за ментална работа на себе.

Мојот најголем предизвик моментално е да направам хармонија помеѓу физичкото и менталното здравје, да помогнам во кревање на свеста за важноста на нашите внатрешни процеси за да постигнеме комплетна психофизичка промена што освен тоа што ќе биде видлива однадвор, сигурна сум дека ќе ја почувстуваш и одвнатре.

Илјадници жени ја започнале сопствената промена заедно со мене и заеднички сме успеале да направиме неверојатни трансформации што траат за цел живот.

Без разлика што и да е твојата цел, дали сакаш да намалиш телесни масти, да накачиш мускулна маса или пак да ја одржуваш формата и да работиш на себе, а пред се да бидеш ментално силна за сите препреки,  решението е тука.

Придружи се на нашата СомаФит заедница и дозволи ни да ти покажеме како се случува магија!

Tренирањето на умот е исто толку важно како и тренирањето на телото. Ако умот и телото имаат кохезија, тогаш можеме да зборуваме за комплетна личност.

Психотерапијата помага при идентификација на тригерите што предизвикуваат стрес и мисловно искривување, ги учи луѓето како да ја променат таквата перспектива, да се чувстуваат подобро, а со тоа да бидат поефикасни, сигурни во себе, свесни за себе и за својата околина.

Анксиозност, депресивни мисли, нарушувања во исхрана, панични напади, немање мотивација и дисциплина се дел од темите коишто ги разработуваме низ нашите средби.

Промената започнува во моментот кога стануваме свесни дека ни треба дополнителна поддршка и помош.

‘’Телото почнува да се менува само тогаш кога умот ќе започне да делува’’

Доколку сметаш дека имаш потреба од таква поддршка, ти стојам на располагање.