Skip to main content

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Последно ажурирање 16.11.2023 

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа политика за приватност

Како компанија сме посветени во зашититата на Вашата приватност како наш Коринси ( во натамошниот текст како”Корисник”, “Вие”, или “Вашите”). И ние сериозно ја  превземаме одговорноста за безбедноста на Вашите лични податоци ( дефинирани подолу). Ќе бидеме јасни и транспарентни за личните податоци кои ги собираме и што ќе правиме со тие податоци. 

Оваа Политика за Приватност можете да најдете информации поврзани со собирање и обработка на лични податоци од физички лица – субјекти на лични податоци кои друштвото ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ( во натамошниот текст како “ПРЕДИЗФИТ”, “контролорот”) ги обработува кога ја посетувате и користите нашата веб страна, www.predizfit.mk, присуствувате на нашите настани, други онлајн услуги или аплицирате за работа кај нас или на друг начин комуницирате со нас (заедно, „Услугите“).

1. Кој е одоговрен за заштита на Вашите лични податоци – Општи информации за Контролорот на лични податоци 

Друштво за производство трговија и услуги Предизфит Дооел Скопје ( “ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ”),  е “Контролор на лични податоци”, односно друштвото одговорно за чување на приватноста и заштита при обработка на личните податоци кои  се собрани и чувани преку веб страната www.predizfit.com. 

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ обработува лични податоци кои ги добива од субјектите на лични податоци. Со цел да бидеме доверлив контролор на личните податоци, посветуваме особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на меѓународните и националните стандарди за заштита на личните податоци.

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ е посветен да обезбеди заштита на Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП), подзаконските акти на Агенцијата за заштита на личните податоци, интерните акти на Предизфит Дооел Скопје, при што во своето работење ги применува и насоките и стандардите на соодветната европска регулативна рамка за заштита на лични податоци (GDPR).

2. Начела за обработка и заштита на лични податоци

Вработените и ангажираните лица кои вршат обработка на лични податоци во ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ, имаат обврска да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, и тоа:

  • Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Личните податоци се собираат и обработуваат исклучиво за цели дефинирани во релевантен закон, за користење на услугите кои ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ ги дава на своите клиенти и наплата на реализирани услуги, врз основа на добиена согласност за обработка на лични податоци од корисник за цели наведени во истата (нпр. Директен маркетинг) како и при постоење на легитимен интерес.

  • Ограничување на целта на обработката на личните податоци

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ ги обработува личните податоци само за цели кои се потребни за исполнување на законски обврски, исполнување на права и обврски од склучениот договор, наплата на своите побарувања и обработка за цели за кои корисникот дал претходна согласност. Доколку ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ има легитимен интерес да ги обработува личните податоци за други цели таквата обработка ќе биде предмет на анализа и проценка на влијанието на таквата обработка врз приватноста на корисниците.

  • Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполни целта на обработката.

Доколку се појави потреба за обработка на дополнителни податоци, ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ ќе го информира корисникот како субјект на лични податоци за доставување на дополнителни податоци и онаму каде што е неопходно, ќе ја побара негова согласност за таа дополнителна обработка.

  • Точност на личните податоци

Давањето на вистински, точни и целосни податоци, како и благовремено известување за измените на личните податоци е законска и договорна обврска на корисниците и истото претставува неопходен услов за засновање на претплатнички однос како и за исполнување на правата и обврските што произлегуваат од претплатничкиот договор.

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ има законска обврска за водење на точна евиденција на своите корисници и за таа цел спроведува разумни мерки за потврдување на точноста, исправка и/или бришење на неточните или некомплетните лични податоци. Покрај мерките кои ги презема ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ , секој корисник има право да побара исправка, измена или бришење на неговите лични податоци на лесен и едноставен начин како што е утврдено во точка 7 од оваа Политика.

  • Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

Личните податоци добиени од корисниците врз основа на склучен договор за користење на услугите помеѓу Клиент и ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ и при официјална регистрација на електонскиот портал www.predizfit.com од одредено лице (индивидуален корисник) ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ ги чува согласно роковите дефинирани во релевантен закон и по изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, личните податоци се бришат од системот за евиденција.

  • Интегритет и доверливост на личните податоци

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, незаконско откривање, менување или уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен на лицата кои имаат овластување за обработка на лични податоци согласно описот на работни задачи.

  • Отчетност

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ согласно начелото за отчетност утврдено во ЗЗЛП располага со записи и докази дека се преземени сите потребни мерки за спроведување на погоре нведените начела во пракса, односно дека ги исполнува законските барања за заштита на личните податоци.

3. Категории на лични податоци кои се предмет на обработка

Предизфит Дооел ги собира Вашит лични податоци за да Ви овозможи да ги користите нашите услуги, успешно да се регистрират и да се најавите на вашиот профил, да добиете поддршка за клиенти и информации за безбедност на личните податоци, и да комуницираме со Вас за нашите услуги, промоции и активности.

Ние исто така може да собираме Ваши податоци од Вас автоматски кога Вие ја посeтувате нашата Платформа – за повеќе информации, Ве молиме прочитајте го делот за нашата Политика за колачиња која е достапна на следниот линк: www.predizfit.com/cookie-policy.

“Личните податоци” го имаат значењето определено со законската регулатива особено Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, GDPR, и вклучуваат било какви информации или мислења кои се однесуваат на Вас, кои овозможувасат да Ве идентификуваме, како што се име и презиме,  телефонски број, назив на Ваш профил, адреса на живеење и прием на пошта, детали за услугите и производите кои Вие сте ги купиле, детали за плаќање и информации за Вашиот пристап до нашата веб страна. Особено ние може ( директно или индиректно ) да ги собираме следните категории на лични податоци:   

– Име и презиме, град на живеење,  контакт информации како емаил адреса и телефонски број, корисничко име и лозинка  ( ова се задолжителни податоци кои ние ги бараме при регистрација и основање на кориснички профил на вебстраната (“Кориснички профил”);

  • Јавно достапни информации (на пр. јавни објави на вашите социјални медиуми)
  • Детали за производите и услугите ( како опции за учество) кои сте ги купиле од нас или за кои сте испратиле барање, заедно со сите дополнителни информации потребни за да ги доставиме тие производи и услуги и да одговориме на вашите барања;
  • Информации кои Вие доброволно ги споделувате за Вас за Ваши лични преференции за омилени курсеви зачувани на Вашиот кориснички профил;
  • Информации кои Вие доброволно ги споделувате со Нас како пто се на пример, оценување на тренинзи, давање повратен одговор за Вашето лично искуство на платформата;
  • Податоци за интернет и мрежата зависно од Вашите согласности. На пример, идентификувачи на пребарувачи, колачиња, информации за Вашата интеракција со веб страната
  • Податоци за интернет и мрежата зависно од Вашите согласности. На пример, идентификувачи на пребарувачи, колачиња, информации за Вашата интеракција со веб страната.
  • Содржина и други информации кои dobrovolno ги објавувате на нашите социјални медиуми страници или нас не означувате на вашите социјални медиуми страници, и информации што ги добиваме од социјални медиуми услуги на трети страни (на пр. Facebook, Instagram).

Посебни категории на лични податоци 

  • ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ не собира и не обработува посебни категории на лични податоци кои бараат повисоко ниво на заштита согласно законската регулатива.

4. Целите за кои се врши обработката на лични податоци и правниот основ за обработката на лични податоци;

Целите за кои Предизфит обично собира и користи лични информации може да вклучуваат:

За да обезбедиме пристап до Платформата Предизфит и за користење на нашите продукти и услуги, вклучувајќи:

  • За исполнување на обврските од договор за користење на услугите;
  • За доставување и овозможување на услугите и/или производите за кои сте направиле нарачка;
  • За добивање повратни мислења или коментари за производите и/или услугите од членовите;
  • За подобрување на нашите услуги до корисниците, како и за цели на  квалитет на услугите;
  • Одговарање на барања, прашања, жалби и други општи прашања по однос на направените нарачки;
  • Управување, планирање, рекламирање и администрирање на програми, настани, и слично;
  • Истражување, развој и ширење на нашите услуги;
  • Процесирање на  информации за наша сметководствена евиденција.

Доставување на информации за промени во нашите услуги или други промоциони цели:

– Со Ваша изрична согласност согласно законската регулатива за зашитита на лични податоци, ние ќе ги користиме Вашите лични податоци за да Ве информираме и да ви дадеме препораки кои сметаме дека се во Ваш интерест, пред, за време и по интеракцијата со нас, вклучувајќи  маркетинг и новини кои се однесуваат за нашите продукти и услуги, настани и други промоции. Вие во секое време можете да ја повлечете согласноста, која сте ја дале за таков вид на комуникација и известувања. Подетално прочитајте во делот Повлекување на согласности за маркетинг и извествуања – ( линк до Повлекување согласности)  

Комуникација со клиенти

– Ние може да ги користиме Вашите податоци за управување со нашиот  однос со Вас како наш клиент и за подобрување на нашите услуги и зголемување на Вашето искуство со Нас (на пример, за да одговориме на вашите барања кога се обратите кон нас). Од време на време, исто така, можеме да спроведеме анкети кај клиентите за да измериме нивната задоволство со нашата Платформа и услугите и производите кои ги нудиме

Административни и правни цели:

– Ние ги користиме Вашите лични податоци за да ја работиме нашата примарна деловна активност, одржување и развој на нашата платформа на веб страната www.Predizfit.com, или за потребите за разрешување на спорови. 

Заштита и превенција на измами и правни цели

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ ги обработува личните податоци на клиентите за да го потврдиме идентитетот, како и за да се заштити себе и своите клиенти од настанување на штети, спречување на измами или други незаконски активности кои се однесуваат на злоупотреба на туѓи лични податоци, злоупотреба на услугите на ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ или на корисничкиот профил на корисникот. 

Исто така можеме да ги споделиме вашите лични податоци со надлежните органите во согласност со правните барања или доколку е потребно или дозволено согласно применливите законски прописи за зашитита на личните податоци.  

Нашата обработка на Вашите лични податоци за погоренаведените цели е направено во согласно со следните законски основи:

– обработката е неопходна обезбедување на нашите услуги согласно договорот склучен со корисницие на Платформата Предизфит;

– за почитување на правна обврска;

-ако е во Наш легитимен интерес да постапуваме  за подобрување на нашиот бизнис;

– кога сте се согласиле да ги користиме вашите лични податоци (на пример, за маркетинг и промоции);

– кога сте ги објавиле таквите информации јавно.

5. Како ги чуваме Вашите лични податоци и пренос на личните податоци?

  • Енкрипција и сигурност 

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ има имплементирано соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба. Нашите вработени се обучени да работат во согласност со законските одредби за заштита на личните податоци и интерните акти за заштита на лични податоци и обврзани се истите да ги почитуваат.

Секое лице кое има пристап до Вашите лични податоци е обврзано да ја заштитува тајноста на податоците и да постапува според упатствата на контролорот во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.

Само лицата кои се овластени од страна на ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на нивните работни задачи.

Секое овластено лице кое има пристап до Вашите лични податоци потпишува изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка.

  • Давање податоци на користење на трети лица

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

  • Пренос на лични податоци во странски земји

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ не врши пренос на личните податоци на субјектите на срански земји. 

6. Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци ги чуваме во рокови пропишани со закон и со нашите интерни акти, во временски период колку што е потребно за да се исполнат соодветните цели за кои се добиени.

За да утврдиме соодветен период на задржување, ние го земаме предвид природата и чувствителноста на личните податоци, целите за кои ги обработуваме и дали можеме да ги постигнеме тие цели преку други средства.

Исто така, треба да се има во предвид и периодот за кои може да ги задржиме личните податоци за да ги исполниме нашите правни обврски, или за да се справиме со поплаки и правни прашања, и за да ги заштитиме нашите права во случај на судски спор.

Ова значи дека ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци се додека Вашата корисничка сметка е активна. Сепак, по затварањето на Вашата корисничка сметка, може да задржиме ограничен дел од Вашите лични подаотци такоа што ќе можеме да одржуваме континуиран однос со Вас ако и кога повроеено ќе бидеме во контакт со Вас, и да се приджуваме кон нашите правни обврски. 

7. Кои се Вашите права?

  • Транспарентност

Имате право да бидете информирани за тоа дали ние чуваме информации за Вас и ако да, кои се тие информации и зашти ги чуваме/користиме.

2.Право на пристап

Можете да побарате пристап до Вашите лични податоци ( позанто како “барање за пристап до податоците на субјектот”. Ова Ви овбозможува да добието копија од личните подаотци што ги чуваме за Вас, да ја проверите точноста и законската обработка. 

Формуларот на Барањето за пристап до лични податоци е објавен на следниот линк: https://predizfit.com/wp-content/uploads/2023/11/БАРАЊЕ-ЗА-ПРИСТАП.docx

  • Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци. 

Имате право да побарате корекција на личните податоци што ги чуваме за Вас. Ова Ви овозможува да имате било какви некомплетни или неточни информации да бидат корегирани. 

Формуларот на Барањето за исправка на личните податоци е објавен на следниот линк: https://predizfit.com/wp-content/uploads/2023/11/БАРАЊЕ-ЗА-ПРОМЕНА.docx

  • Право на бришење на личните податоци. 

На барање на субјектот на лични податоци, ќе ги избришеме податоците: ако е исполнета целта заради која биле обработувани; ако сте ја повлекле согласноста за обработка; ако податоците биле незаконски обработувани; ако приговарате на обработката или заради почитување на законската обврска за бришење на податоците кога веќе не постои правна основа за обработка.

Формуларот на Барањето за бришење на личните податоци е објавен на следниот линк: https://predizfit.com/wp-content/uploads/2023/11/БАРАЊЕ-ЗА-бришење.docx

  • Право на ограничување на обработката. 

Субјектот има право да побара да ја ограничиме обработката на личните податоци: ако ја оспорува точноста на личните податоци, во периодот додека не ја потврдиме нивната точност; ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците ви се потребни за остварување на правни барања.

Формуларот на Барањето за ограничување на обработката на личните податоци е објавен на следниот линк: https://predizfit.com/wp-content/uploads/2023/11/БАРАЊЕ-ЗА-ОГРАНИЧУВАЊЕ.docx

  • Право на преносливост на податоците 

Вие имате прраво да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор. 

Формуларот на Барањето за преносливост на личните податоци е објавен на следниот линк: https://predizfit.com/wp-content/uploads/2023/11/БАРАЊЕ-ЗА-ПРЕНОСЛИВОСТ.docx

  • Право на приговор против обработката на личните податоци 

 Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста. 

Формуларот на Приговот на обработката е објавен на следниот линк: https://predizfit.com/wp-content/uploads/2023/11/ПРИГОВОР-НА-ОБРАБОТКАТА.docx

  • Право на повлекување на согласноста. 

Давањето и повлекувањето на согласностите од страна на поединечен корисник може да биде повлечена во секое време. Доколку корисникот сака да ја повече согласноста за добивање на известувања или промотивни пораки за подобрување на услугите може да се изврши следниот начин:

  • Во секое време по добиена емаил порака од страна на Предизфит корисникот може да ја повлече согласноста со избирање на опцијата unsubscribe достапна на секоја емаил порака, што се генерира преку сервисот Klaviyo.
  • Преку доставување на соодветен формулар во писмена форма објавен на интернет страната на ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ www.predizfit.com, во седиштето на ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ или на е-мејл адресата [email protected].

Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката на лични податоци која се вршела врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.

ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ СКОПЈЕ  ќе Ви достави информација за преземените активности врз основа на Ваше барања без непотребно одложување и согласно утврдените рокови во Законот за заштита на личните податоци.

8. Информации за Вашите плаќања

Предизфит Дооел Скопје нуди можност на корисниците да ја платат месечната претплата со што ќе им овозможат користење на услугите со кредитна или дебитна картичка (Visa и MasterCard) која има троцифрен сигурносен код. Во тој случај, Процесирањето на трансакциите оди преку payment gateway – Интернационален картичен систем (Casys). Податоците кои ги внесувате при плаќањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме, Халк Банка – која е серфитицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација која ја зачувуваме е бројот на трансакцијата и уплатената сума.

Предизфит Дооел Скопје не ги зачувува податоците од платежни картички на корисниците, а има единстено увид преку системот на банката до дел од  податоците како – Име и презиме на носителот на платежната картичка, уплатената сума и статусот на плаќање.

Предизфит Дооел Скопје нуди можност на корисниците да ја платат месечната претплата со што ќе им овозможат користење на услугите со кредитна или дебитна картичка (Visa и MasterCard) која има троцифрен сигурносен код. Во тој случај, Процесирањето на трансакциите оди преку payment gateway – Интернационален картичен систем (Casys)

9. Колачиња

Колачиња(Cookies) се мали текстуални датотеки ( фајлови), кои се сместуваат во Вашиот компјутер или друг уред ( мобилен телефон, таблет , итн.) од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Веб прелистувачот ги испраќа овие колачиња назад кон веб страницата при секоја Ваша посета и ни помага да ја сочуваме информацијата за Вапите активности или кориснички преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и проспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историјата на пребарување на истата.  За повеќе информации за колачињата што ги користиме, Ве молам погледнете ја нашата Политика за Колачиња која е дел од оваа Политика за приватност, и е достапна на следниот линк: www.predizfit.com/cookie-policy. 

10. Деца

Корисниците не можат да бидат помали од 16 години. Лицата не е дозволено да се регистрираат за корисничка сметка на веб страната без да потврдат дека имаат 16 години или повеќе. 

11. Пријава во Агенцијата за заштита на лични податоци

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на ПРЕДИЗФИТ ДООЕЛ, не е во согласност со одредбите на ЗЗЛП или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

Барањето можете да го преземете на следниот линк:

https://www.dzlp.mk/sites/default/files/u4/baranje_za_utvrduvanje_na_prekrsuvanje_na_zzlp.docx

12. Како да не контактирате

Доколку имате прашања и коментари за оваа Политика за приватност, сакате да ги остварите Вашите права или имате приговор за тоа како ги обработуваме Вашите лични податоци, ве молиме контактирајте го тимот на ПРЕДИЗФИТ:

[email protected]

13. Измени на политиката за приватност

ПРЕДИЗФИТ може од време на време да ја менува оваа Политика за Приватност, со или без известување до вас по потреба или поради пормена на законски прописи. Ви препорачуваме редовно да ја посетувате нашата веб-страница за да останете во тек со сите промени. 

.