Skip to main content
Banner

Софија Манчева

Психолог, Психотерапевт и Фитнес (online) Тренер

Софија е докажан и искусен онлајн и персонален тренер, кој освен што работи на физичката форма и здравје на клиентите, работи и на психолошкиот сегмент при вежбањето. Илјадници успешни трансформации стојат во нејзината кариера, опфаќајќи девојки и жени на различна возраст и со различни потреби физички и ментално. Софија е денес дел и од Предизфит онлајн пларформата за тренинзи и е креатор на исклучително успешни програми за вежбање. Тајната на успехот на овие програми е што освен физички тренинзи, тие содржат и вкусни менија и рецепти, но и 24/7 психолошка поддршка од психотерапевт. Овој момент е значаен и е токму она што создава посебна врска на секој еден клиент и потоа им помага не само да ја добијат и задржат формата која ја посакуваат, туку и да работат на својата самодоверба, слика за себе, анксиозност, емоционално прејадување и слични секојдневни проблеми.

Прочитај Повеќе
Banner

Марио Јовановски

Персонален и Online Фитнес Тренер

Марио е професионален фитнес тренер кој работи со секаков тип на клиенти со различни цели веќе над 12 години. Како еден од најуспешните фитнес тренери во нашата држава, денес е дел од Предизфит платформата, каде ги нуди своите услуги како консултации, но и професионални програми, по цена достапна и за пошироките маси. Исклучителна можност да работите со експерт во областа, чија специјалност е индивидуализирање на секоја една програма, како и помош при исхрана и тренинг.

Прочитај Повеќе